Од денеска, во спортската сала „Јордан Мијалков“, подготовките за новата сезона ги започнаа кошаркарите на штипскиот КК „Соколи“. Во првото пролетно коло гостуваат на КАМ БАСКЕТ во Каменица
„Пролетниот дел почнува на 29 јануари, ако само не не изненади короната Ќе тренираме во спортската сала Јордан Мијалков двапати на ден. Нашите амбииции се познати- враќање во Првата лига. По првиот дел на Втората лига се наоѓаме на второто место на табелата. Прв е ЧАИР со еден бод предност пред нас “- изјави првиот човек на штипскиот клуб Томче Томев.