ЈП „Плачковица“ од Карбинци е презадолжена бидејќи само кон ЕСМ е речиси 300 000 евра. Освен ова „Плачковица“ е и жртва на неодговорност и непрофесионално однесување на претходните градоначалници, изјави денес градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.
Освен огромниот долг ЈП и општината сега се соочуваат и со енормно повисоките цени на ел. Енергија за што општината мора интервентво да бара решенија.
Состојбата со глемиот долг на плачковица и неодговорниот однос во работењето за Паунов се причина тој да побара одговорност.