Министерот за здравство Танос Плеврис изјави дека, почнувајќи од 1 февруари, луѓето кои нема да примат трета доза нема да можат да пристапат до места кои се резервирани за вакцинирани, оти нивниот вакцинален сертификат ќе се смета за нецелосен. Сите оние луѓе кои нема да примат трета доза вакцина против коронавирусот, нема да можат да пристапат до местата резервирани за вакцинирани. Мерката ќе биде активирана на 1 февруари оваа година, појасни Плеврис.