Мандатрот и премиер пред избор Димитар Ковачевски најавува значаен економски раст и влез на нови и силни странски инвеститори во услови на пандемија и неизвесен енергетски пазар.
Аналогно на ова, Ковачевски превидува и раст на платите и пензиите што според него, е клучен предизвик на новата влада.
Освен ова, Ковачевски најави и нов сет економски мерки за компаниите и граѓаните во намерата да елиминира барем дел од неизвсноста и загриженоста за тешката состојба.
Граѓаните, сепак се поделени во мислењата по однос на ова ветување. Освен граѓаните, ветување за помош има и за компаниите во делот со сметките за струја, која според нив е исклучително важна.
Што на крај ќе се случи и дали и кога ќе има помош, во овој момент е неизвсно но, од опозцската ВМРО ДПМНЕ на изјавите на Ковачавси одговорија експресно, истакнувајќи дека не очекуваат ништо од ветеното да се реализира.