-3.2 C
New York
Sunday, January 16, 2022

Buy now

spot_img

Синдикатот пресметал. За работа во недела следува дневница од 1.140 до 2.186 денари

Примената на законите со кои недела станува неработен ден за осум проценти од вработените, како и неработните празници од почетокот на годинава треба да ја зголемат јануарската плата на оние кои наместо да одмораат, беа на своите работни места.

Сојузот на синдикатите на Македонија, на чија инцијатива недела стана неработен ден, пресмета дека најниската дневница за работа во недела ќе изнесува 1.140 денари и ќе им се исплаќа на оние со минимална плата. За просечна плата, која во октомври лани според Државниот завод за статистика изнесува 29.145 денари, за работа во недела треба да се исплатат 2.186 денари.

Овие дневници ги следуваат околу 64.000 вработени  колку што се опфатени со Законот, пресметал Синдикатот.

Согласно податоците на ДЗС за третиот квартал 2021 година, бројот на вработени изнесува 796.671 лица. Од нив 63.734 лица, односно 8% се вработени кои согласно Законот за работните односи и Законот за трговија би работеле во денот недела“, велат од ССМ.

ССМ потсетува дека за работа на празник со Општиот колективен договор се предвидени две ипол дневници.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,116FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles