Во Словенија се повеќе случаи на птичји грип кај диви птици. Досега се потврдени 23 случаи на птичји грип кај диви птици и еден случај на високопатогена птичји грип кај домашна живина. „Со оглед на моменталната ситуација и бројните епидемии на птичји грип во Европа, очекуваме болеста да продолжи да се шири, така што сѐ уште очекуваме нови инфекции“, соопштија од словенечката ветеринарна управа, објавија во вторник словенечките медиуми. Повеќето случаи на птичји грип се потврдени во областа Марибор. главно кај мртвите лебеди и речните галеби.