На 22 и 23 јануари годинава ќе се одржат првите изборни првенства во борење, за кадети и сениори. Двете првенства ќе се одржат во Радовиш
„Ние не застанавме со работата . Немавме прекини, освен една недела кога неколку борачи имаа грип. Сега се е во најдобар. Сите борачи редовно доаѓаат на тренинзите и очекувааме и добри резултати на првите проверки годинава, на изборните првенства во Радовиш. …“- вели Бобан Данов, еден од тренерите во Балканец и селектор на македонската репрезентација. Со него во Балканец работат и Горан Стојанов, Мијалче Ананиев и Иван Анакиев.