24.7 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

Исар добро ја менаџира финансиската и енергетската криза. Вратени се 250 илјади евра долг, а граѓаните ќе имаат чиста вода и чисти улици, изјави на денешниот прес директорот Трајче Здравков

Наследениот огромен финансиски долг и небесно високите цени на струјата нема да ја пореметат основната дејност на ЈП Исар што значи чиста вода и чисти .

Во мегувреме за само два месеци од назначување на новиот раководен тим ЈП Исар врати долг од 250 илјади евра што во толку краток период досега не се случило, потенцираше Здравков

Со оглед на неизвесниот расплет со цената на струјата која за Исар во овој момент значи месечна сметка од 350 илјади евра, Здравков очекува помош од општината но, и користење на вода од ХС Злетовица

Инаку, Исар во овој период од работењето се соочува со огромни финансиски проблеми бидејќи сегашното раководство наследи долг од планински  пет милиони евра.Без оглед на ова, од претпријатитето велат дека проблеми во тековното работење нема да има.

Реагираа од СДСМ:

Новиот менаџмент на ЈП „Исар“ заедно со новата локална власт очигледно имаат намера само да се жалат и да бараат подршка и помош од централната власт.  ЈП „Исар“ во 2017 г. беше затекнато во далеку полоша финансиска и секаква друга состојба. Долгот за струја беше над 25 мил денари. Тоа што не знаат да ги сервисираат долговите, нека не се користи како алиби, а раскинувањето на договорот од снабдувачот не е само по тој основ. Едноставно, треба да преземат активности за да се справат со енергетската криза.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,442FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles