По пауза од неколку недели короната повторно донесе смрт во Штипската болница, починаа двајца пациенти. Станува збор за лица од Делчево и Пробиштип на возраст од 71 односно 77 години кои претходно биле со тешка клиничка слика.
Во моментов бројот на пациенти на Инфективното одделение во Штип достигна 34
Хоспитализирани се 34 пациенти од кои 24 се на кислородна подршка. На дневен основ во амбулантата има по 60 прегледи. Бројот на прегледи и хоспитализирани од претходната недела е зголемен”. – Изјавија од Клиничката болница Штип
Од друга страна зголемување на бројот на активни случаи на ковид 19 допрва се очекува, затоа што пикот кај нас се уште не дошол, тврдат епидемиолозите
Кај нас пикот треба да се достигне крај на јануари, почеток на февруари. По тоа не чека период на ендемско битисување на вирусот, вирусот ќе е на ниско ниво, но нема да пречи на нормалното живеење. Секогаш прогнозите се неблагодарни- вели Драган Даниловски.
Во мегувреме Комисијата за заразни болести не донесе нови мерки, но се разгледува можноста за скратување на периодот на изолација, додека почетокот на второто полугодие ќе зависи од бројот на новозаразени.