-1.3 C
New York
Saturday, January 22, 2022

Buy now

spot_img

СДСМ од денес влегува во процес за избор на нови локални раководства

СДСМ од денес влегува во процес за избор на нови локални раководства а од денес па  до завршување на постапката  треба да се најдат најдобрите, порачува генереланиот секретар Миле Зечевик.

 Да се чуе гласот на секој член и заедно да ги избереме вистинските кандидати за претседател во секоја општинска организација на партијата.  Да им дадеме шанса на месните одбори да се изјаснат, да дадат свои предлози за кандидати за претседател, а секако дека останува и процесот на самокандидирање а изборот ќе се врши согласно Статутот, нагласи Зечевик на состанок со сегашните претседатели на основните организации.

 Изборот  на нови локални  раковдства  за СДСМ  во овој момент е  веројатно  приоритетна задача   откако последните  изборни резултати  покажаа големи пукнатини во граѓанската  доверба. СДСМ се обидува да почне од почеток  а враќањето на Миле  Зечевик предвидува голем теренски напор  и работа.

 Ако фокусот на довербата се стави на ниво на Источниот регион, тогаш СДСМ е во загуба и во авансна загриженост за она што би можело да следува бидејки  малата статистика  го кажува следното:

Од вкупно 11 општини во Источниот регион  СДСМ загуби  во 8 , односно изборите ги доби  само во Берово, Делчево и Пробиштип.   4 години пред тоа, партијата беше доминантна во 10 опшитини бидејки честа на ВМРО ДПМНЕ симболично  ја бранеше само Зрновци.

Новото партиско реструктуирање на основно ниво  е очекувано  бидејки еден пораз  и тоа со не баш мали букви веке е запишан а на истите резултати од него ВМРО ДПМНЕ постојано инсистира и гради  напорна стратегија како да стигне до предвремени парламентарни избори.  Со други зборови, СДСМ бара време за консолидација а ВМРО ДПМНЕ се обидува  да не му го даде.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,134FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles