Новата влада на Бугарија најави крај на давањето на т.н. златни пасоши. Софија ја донесе ваквата програма во 2013 година. Од неа досега профитираа пред сѐ богати Кинези и Руси. Кабинетот на премиерот Кирил Петков својата намера за прекин на давањето „златни пасоши“ ја образлага со фактот што не се постигнале очекуваните резултати, односно програмата за давање златни пасоши не довела до значајни инвестиции во бугарската економија.