Социјално-економската состојба во државата не е променета и синдикатот замрзнатите цени на основните животни продукти ќе бара да останат и понатаму. За нив овој период е критичен за преживување и со целата сила ќе ги притиснат надлежните цените да останат контролирани.
Со оглед на разнишаната доверба и животниот стандард кој за голем дел од граќаните воопшто не е достоинствен тие исто така очекуваат цените да останат недопрени од производителите и трговците.
Од друга страна производителите тврдат дека државата кон нив прави голема неправда одредувајќи им цени кои за нив не се пазарни и ги носат во директна загуба.
Сегашните цени на гасот, струјата и работната рака никако не одат во прилог на прозводителите и овие мерки за нас се не само штетни туку можат да бидат и катастрофални. Бараме одмрзнување на цената на лебот и белите пецива најбргу што може. Порачаа од мелничко-пекарската индустрија “
Во вака крајно спротивставени видувања за состојбата со трошоците за живот од една и трошоците во производствениот процес од друга страна незадоволството е неизбежно исто како и последиците по некој. Што во ваков случај е најдобро за сите?