Според податоците на веб-страницата Ворлдометерс, шест земји во регионот се на црната листа по бројот на починати од Ковид. На врвот на листата е Бугарија, каде што починале 31.838 лица, што значи дека умреле 4.635 на милион Бугари. По нив следува БиХ, каде од коронавирус починале 13.696 луѓе, што значи дека починале 4.215 луѓе на милион жители. Потоа следуваат Унгарија, Црна Гора и Македонија.