Речиси и да немаше општина во регионот каде од синоќа воздухот не е двојно , па и тројно загаден. Мерните станици , поставени на неколку локации покажаа присуство на ПМ 10 и друг вид на честички кои се сериозно над дозволените граници.
Најголемо загадување, синоќа е измерено во Свети Николе, каде во два часот наутро концентрацијата на ПМ 10 честички била 158, а утринава 134.
Од утринава, високи концентрации на ПМ 10 честички се измерени и во Штип и нивната концентрација во 09.00 часот беше 113.
Изненадувачки високо ниво на загадување имаше и во еколошки чистото Берово, каде нивото на ПМ 10 честички беше 104.
Со концентрација од 93 микрограми ПМ 10 честички се разбуди и Кочани.
Големото загадување на воздухот со вредности кои се и тројно повисоки од нормалните 50 микрограми на м/3 главно се должи на греењето со дрва. Минусните температури придонесоа огновите да не се гаснат и во текот на ноќта, традицијата запали големи василичарски огнови на повеќе локации, а ветерот се смири. Крајниот резултат од сето тоа е загаден воздух.
Дека дрвата се еден од најголемите загадувачи на воздухот, потврдуваат и анализите на екологистите:
Инаку, високите концентрации на ПМ 10 честички во регионот, со слаби варијации, беа присутни во текот на целит ден.