Женската одбојкарска екипа на Младост Угд , која се натпреварува во Првата лига, ја води Благој Тасев, почна со тренинзите за новата сезона. Мажите ќе ги почнат подготовките овој викенд. Првенствата во одбојка мажи и жени почнуваат во средината од идниот месец.Во мегувреме, се поголем интерес кај децата за овој спорт во Штип. Формирани се повеќе групи за работа со нив. Впрочем, и Европската федерација, додели признание за штипскиот одбојкарски клуб, жени, кој е прифатен како единствен во Македонија, да биде стимулиран според програмата на Европската федерација.