Изречени првите казни за недела неработен ден. На втори јануари се извршени 38 надзори од страна на трудовите инспектори при што биле констатирани девет неправилности. На деветти јануари извршени се 48 надзори во кои се констатирани шест неправилности. Изречени се 15 инспекциски мерки од кои една е забрана за работа, поради утврдување дека работодавачот немал право да работи во ден недела, а дополнително кај него е затекнат и непријавен работник, информираат од Трудовиот инспекторат.