Секој ден во хрватските училишта има се помалку ученици и наставници во одделенијата поради брзото темпо на ширење на коронавирусот што трае цела оваа недела. Според Министерството за наука и образование, вчера 9.158 ученици во Хрватска не дошле на училиште поради позитивен тест за ковид или мерка на самоизолација, а 1.580 образовни работници останале дома од истите причини.