Заинтересираните земјоделци може да аплицираат за кофинансирање на систем за наводнување капка по капка, конструкција на бунари и за други зафати на површинска вода, информираа Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството. До 1,8 милион денари е прифатлива вредност за набавка и сместување на системот капка по капка. Опфатен е целиот систем – од набавка на опрема и приклучни елементи на системот за наводнување капка по капка до компјутеризација.