На неколку денови пред одбележувањето на големиот христијански празник Водици, скокањето по чеснит крст е неизвесно. Поради големиот број на дневни инфекции со ковид 19, оваа вековна традиција е доведена во прашање.
Од Брегалничката епархија информираат дека сите адети поврзани со Водици и Богојавление ќе бидат спроведени, вклучително и големиот Богојавленски водосвет, но се чека на конечна одлука за чинот на скокањето.
Од друга страна, во дел од општините во тек се подготовките за прославата на Водици и пријавувањето на кандидатите. Колку од плановите ќе се реализираат, ќе зависи од одлуката на Светиот синод, односно од епидемиолошката состојба во државата.
Поради ковид пандемијата, скокање по чесниот крст немаше и минатата година.