34.6 C
New York
Tuesday, August 9, 2022

Buy now

spot_img

Неколку тони отпад извадија доброволци од Македонска Каменица, Делчево и Пехчево од езерото Калиманци

Неколку тони отпад, главно пластика, за само неколку часа извадија доброволци од водите на езерото Калиманци. Во акцијата се вклучија граѓански активисти, риболовци и претставници на општините Македонска Каменица, Делчево и Пехчево.

Ова е прва голема акција за чистење на езерото Калиманци, а организторите вината за огромните количини на ѓубре ја лоцираат во околните диви депонии.

Калиманци е на работ на еколошка катастрофа, поради што е неопходна заедничка акција на сите општини во чија близина е акумулацијата.

Риболовното друштво Шаран, кое е и концесионер на езерото беше единствено кое ја поддржа акцијата но одби да учествува во неа , во знак на револт за децениската негрижа од страна на сите надлежни институции за состојбата со Калиманци.

Езерото Калиманци  со површина од 4,23 км е најголемата акумулација во источна Македонија. Располага со  капацитет од 120 милиони м/3  и од него се наводнуваат 28.000 ХА земјоделска површина од Македонска каменица до Овче Поле. Езерото е богато со риба, а најзастапени се видовите: крап, сом,  црвеноперка, костреш  и клен .

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,432FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles