Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата.
Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ, анализирајќи ги Заев и Ковачевски дошол до заклучок дека се работи за две сосема различни политички фигури:
Новата Влада предводена од Димитар Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани.
Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза.
Тој посочи дека не се потребни нови избори, најавувајќи зголемување на пензиите и раст на минималната и просечната плата, како и реформи во образованието.
Говорејќи за спорот со Бугарија, Ковачевски рече дека разговорите ќе продолжат и ќе бидат интензивирани без да биде загрозен идентитетот на народот.