17.2 C
New York
Monday, May 29, 2023

Buy now

spot_img

Хронологија на сите досегашни премиери на Македнија. ВМРО ДПМНЕ на власт бил подолго од СДСМ.

10 премиери од осамостојувањето до денес поминаа  во премиерскиот кабинет на Македонија,  а вчера избраниот Ковачевски е 11 -от.  Хронолошки, премиерскиот низ во државата  започнува со  Никола Кљусев во периодот од 1991-1992 г. кој  беше избран  како независен.

На 4-ти септември 1992 на чело на Владата застанува Бранко Црвенковски и во првиот мандат ја водеше Владата до крајот на ноември 1998 година , односно   6 години и  3 месеци.

Бранко Црвенковски станува премиер и по воената 2001 година  и  таму останува 1 година и речиси седум месеци.

Во 1998 година голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и  на чело на владата застанува Љубчо Георгиевски чиј претседател  ке биде  до 1 ноември 2002 година.

По изборите во 2002 година, СДСМ  за премиер го делегира   Владо Бучковски кој   на оваа пзиција ке остане  19 месеци.  По Аферата Тенковски делови  на чело на владата застанува банкарот Хари Костов  кој на оваа функција ке  остнае  неполни 6 месеци.

По изборната победа во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта во државата и  на чело на Владата застанува Никола Груевски. Преку редовни и предвремени изборни циклуси Груевски ќе се одржи на власт 9 години и 5 месеци.

По него, доага времето на единствената жена премир во државата  и тоа во  во два наврати -Радмила Шеќеринска. Првиот  од мај 2014 година траеше 21 ден и вториот мандат кој и започна на 18-ти ноември и траеше 24 дена  кога  исто така предводеше Преодна Влада.

Социологот Емил Димитриев застанува на чело на Техничка Влада на 18 јануари 2016 година – по оставката на Груевски а како дел договорот постигнат во Пржино. Димитриев како технички премиер ќе ја води Владата 1 година и 134 дена.

На 1 јуни 2017 година Зоран Заев го започна првиот премиерски мандат откако претходно го започна процесот на објавување на незаконски прислушувани разговори кои ќе ја урнат Владата на Груевски. Првиот мандат на Заев траеше 2 години и 7 месеци – до предвремени парламентарни избори.

На 3 јануари 2020 година на чело на Техничката Влада застанува Оливер Спасовски кој ќе предводи 241 ден сè додека повторно по изборите не се врати Зоран Заев – со вториот мандат кој му траеше 1 година и 4 месеци.

Според траењето на премиерските мандати предничи ВМРО-ДПМНЕ, со повеќе од 14 години, но од нив 9 години и 145 денови на чело на Владата беше само едно име – Никола Груевски. СДСМ има помалку години „власт“, но со поголем број на премиерски имиња, особено по изборите во 2002 година.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,787FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles