15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Штип е на пат да се извлече од црното струјно сценарио за Исар и општината. Градоначалникот Јорданов има активен План Б

Штип е добар пат веке од  месец март  да се извлече од  црното струјно  сценарио  за ЈП Исар и за општината.Небесно  високите  сметки за струја  се ризик кој за само 6 месеци општината и Исар може да ги одведат во уште подлабоки  должнички води од каде заедно со сегашниот долг од 5 милинои евра, речиси е сигурно дека  назад ке нема. 

Поради ова, градоначалникт Јораднов интервентно работи на  опцијата дел од водата за пиење на Штип во иднина да се обезбедува од Хидросистемот Злетовица.

Се  прави се Штип и понатаму да  има здрава  но и вода со прифатлива цена на чинење со што ке се амортизираат сега огромните  сметки за струја. Опцијата  вода од Хидросистемот Злетовица  сега е најзрела и таа е излезниот План Б за граѓаните,  ЈП Исар и општината, велат од тимот на градоначалникот Иван Јорданов.

Штип во просек дневно троши по 14.000 м3  вода  или на месечно ниво тоа се 420.000 кубици и за нив  за разлика од досегашните  неполни 70 000 евра месечно, сега се плаќаат  помегу 300 и 350  илјади евра што е товар кој за кратко време  претпријатието ќе го срамни со земја. Од овие причини, излезот Злетовица е единствен  се до стабилизирање на пазарот и цените на струјата  .

Иако Злетовица е излезот, некои пумпи на Исар во функција  ќе  останат и понатаму со што градот во секој момент ќе има резервна варијанта што подразбира дека вода ќе има во сите случаи, дополнуваат нашите соговорници од тимот на Јорданов.

Со ова решение, месечните трошоци за струја на Исар би се движеле околу 100 000 евра што е далеку под сегашните 350 000 колку што претрпијатието веќе плаќа со новите цени на струјата. Од овие причини, активирањето на Злетовица за Штип  значи добар маневар, категорични се економистите.   

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles