17.2 C
New York
Monday, May 29, 2023

Buy now

spot_img

Што се случува во најчистиот дел од Државата? Берово е во еколошки најнеповолен период

Неколку денови по ред , Берово има речиси четирипати поголемо загадување на воздухот од нормалното. Вредностите на ПМ 10 честичките во континуитет се движат помеѓу 100 и 150 микрограми на м/3.

Состојбата особено загрижувачка е денес, кога градот кој е синоним за чист воздрух и здрава животна средина, се разбуди во црвена аерозагадена зона со 190 микрограми на м/3 ПМ 10 честички.

Според градоначалникот Пеќевски причина за ова е употребата на јаглен како грејно гориво.

Без оглед на ова, туристичките капацитети се постојано исполнети, а Берово со своите убавини привлекува посетители:

Во текот на денот, концентрациите на штетни честички во Берово се намалуваат, па беровци и гостите дишат со полни гради, но решение за утринското и ноќно енормно загадување, мора да се најде:

Состојбата со загадениот воздух, ништо подобра не е и во останатите градови во Регионот.

Ноќеска Штип  имал концентрација од 270 ПМ 10 честики; Кочани 214, а Свети Николе 210.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,787FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles