Има ли дивоградба актуелен советник од ВМРО ДПМНЕ и зошто надлежните локални институции не постапуваат според истата, прашуваат од СДСМ Кочани.
„Дали постои поднесена пријава за дивоградба на актуелен советник од редовите на ДПМНЕ и зошто не се реагира и постапува по истата? Дали повторно некој се обидува да го заобиколи законот на ист начин како што беше во случајот со дивоградбата на вработена од Локалната самоуправа? Како е можно за неполни три месеци да се пријавуваат дивоградби баш на високи фукнкционери на ДПМНЕ? Зарем толку брзо се охрабрени дека со добиена локална власт се амнестираат од одговорност? ‘’ прашуваат од СДСМ Кочани.
Одговор на ова прашање кое е во доменот на работење на ЛС Кочани денес побаравме од градоначалникот Љупчо Папазов, но тој денес не даде одговор на ова прашање. Наместо тоа се повика на соопштение од советникот Васе Алексов, на кого се однесувала реакцијата од СДСМ.
Во одговорот на Алексов се вели:
Кога во 2008 година бев отпуштен од работа, со поддршка од Владата направив фарма за одгледување ноеви. Токму за тие потреби беше изграден тој објект. Но како и многу други, така и мојот проект не заврши успешно и истиот пропадна. Од 2012 година плацот беше запуштен и обраснат со дрвја, капини и секакви други растенија и шут, сѐ до минатото лето кога превземав работни активности сѐ со цел плацот да го исчистам и израмнам. Единствената градежна активност ми беше опшивање на постоечкиот објект со лим, за да не се распаѓаат гредите, стои во реакцијата на советникот Алексов.