Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков денеска договорија да се формираат работни групи кои ќе бидат од повеќе области – инфраструктура, економија, трговија, деловната соработка меѓу бизнис заедниците, образование, култура, а тука ќе биде вклучена и Комисија за историски и образовни прашања:
Македонскиот премиер нагласи и дека се финализира и Договорoт за меѓугранична соработка, што е особено значаен за жителите од источна Македонија:
За бугарскиот премиер Кирил Петков, отсега натаму добрососедството меѓу Бугарија и Македонија ќе се мери со конкретни реализирани чекори и цели, а не само преку политички изјави:
Двајцата премиери најавија дека на 25 јануари ќе ја одржат првата седница на двете влади, по што ќе се формираат сите работни групи. Најавите се дека истите ќе имаат неделни средби, на кои ќе се презентираат контретните планови и нивната реализација.