По интезивната комуникација на министерствата за надворешни работи на двете земји, Бугарија се одлучи да ја промени одлуката за целосна забрана за влез на македонскии државјани. Наместо тоа за да ја минат границата, македонските државјани ќе треба да покажат ковид сертификат за вакцинација или сертификат за прележана болест заедно со ПЦР тест не постар од 72 часа. За малолетните лица е потребен негативен ПЦР тест. Одлуката стапува на сила од утре.