Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати апел до сите граѓани чии патни исправи се пред истекување да ги заменат сега со цел да се избегнат летните гужви. Според бројките кои ги објави министерот, МВР со полн капацитет работел на издавање лични документи чиј број во споредба со претходните години е драстично зголемен.