15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Стопанската комора го оспорува Законот за неработна недела. Синдикатот е гневен и разочаран.

Стопанската комора на Македонија ги оспори пред Уставниот суд законските решенија кои овозможија неделата да биде неработен ден.

Како што известија од  Уставниот суд, од Комората биле поднесени две иницијативи во кои подносителот ги оспорува членовите 4, 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија.

„Се оспоруваат одредби коишто се однесуваат на работното време, инспекцискиот надзор и прекршочни санкции. Според подносителот оспорените одредби биле во спротивност со слободата на пазарот и претприемништвото , владеењето на правото  и начелото на еднаквост” соопшти Уставниот суд.

Освен оваа, од Комората до Уставен е аргументирана уште една иницијатива во истата насока со која само се потврдува сериозноста  во намератта овој закон да се урне што побргу  затоа што според подносителот, тој е штетен од многу аспекти. 

Се оспорува Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи како спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Оспорениот закон се однесува на уредување на работата во недела, стои во образложеието .

На оваа иницијатива разочарано и гневно денес реагираа од Синдикатот кој неколку години  правеше терен Законот за Неработна недела да биде усвоен .

Освен Комората,  реакција против  овој закон имаше и од  страна на  бизнис заедницата.  Тие  реагираа дека ова законско решение ќе предизвика отпуштања до 30 проценти, неизвесна реализација на капиталните проекти, застој во производството, повисоки трошоци, намалена продуктивност и несигурен поврат на инвестициите, нешта кои во Владата поминаа без да бидат земени предвид забелешките и предлозите на бизнис заедницата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles