Брегалница го доби првото засилување сезонава. Тоа е 29 годишниот Хрватски фудбалер Диего Живулиќ, кој игра на средината на теренот. Тој доаѓа од Унгарскиот Диошѓен Потекнува од фудбалската школа на Риека. Играл во Приморац, но и во повеќе други европски екипи, како во Чешка и Полска .
„Со ангажирањето за нов шеф на Стручниот штаб на Илчо Ѓеоргиевски ,донесовме и квалитетно засилување за средннот ред . Тоа јасно укажува какви се амбициите на Брегалница во новата сезона, да игра на европската фудбалска сцена. Во преговори сме со уште 2-3 квалитетни засилувања…“- изјави спортскиот директор на Брегалница Никола Тонев при потпишувањето на договорот со хрватскиот фудбалер..
Брегалница во моментов е на подготовки во Анталија – Турција. Од планираните пет пријателски натпревари, првиот е со позитивен резултат за штипските сини. Победена со 1:0 е руската екипа на Кубан…