Министерството за образование и наука испрати допис до училиштата во наредните денови, кога учениците се на распуст и наставниците да не одат на работа, со цел да се заштеди енергија. Во дописот до директорите на училиштата се вели да не се организираат работни активности за наставниците, стручните соработници и административно – техничкиот кадар, освен за техничкиот кадар којшто е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштата.