15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

Пари за минималец од 300 евра засега нема, изјави министерот за економија Крешник Бектеши

Синдикатот и работниците ќе останат со празни раце во барањето новиот минималец да се зголеми на 18.000 денари. Изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши  стави крај на надежите дека тоа би можело да се случи сега

Нашите планови се минималната плата да се зголеми на 18 илјади денари во наредниот период, но малку го продолживме рокот, со оглед дека во првиот квартал од 2022 година треба да се менаџира состојбата со енергетската криза и тоа да не биде дополнително оптоварување за компаниите во вториот квартал во 2022 година, кажа Бектеши

Според Бектеши, зголемувањето на основната плата не е исклучено, но тоа би било најрано во вториот квартал и доколку сите сегашни економски предизвици се совладаат успешно:

Доколку се исполнат сите проекции и анализи на експертите, но и на институциите, за намалување на негативното влијание од енергетската криза, тогаш во голема веројатност ќе одлучиме за зголемување на минималната плата. Во вториот квартал од 2022 година ќе се донесе одлука за зголемување на минималната плата“, изјави Крешник Бектеши.

По зголемената самодоверба и исклучителниот ентузијазам со кој Синдикатот располага во последно време, ова е втора лоша вест за само неколку денови откако претходно до Уставниот суд од Стопанската комора беше поднесена иницијатива за преиспитување на Законот за неработна недела.

Инаку, минималната плата во моментов е 15.200, просечната 2….., но Синдикалната пресметка е дека на работниците со овие цени месечно им недостасуваат по најмалку 100 евра. Оттука и нивното инсистирање на поголем минималец.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles