15.9 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Подароци за првите бебиња во Делчево и Виница

Градоначалниците на Делчево и Виница, ги врачија подароците за првите бебиња родени во овие две општини.

Во Делчево, тоа е Јована Димитровска родена на 4 јануари на скопските клиники, тешка е 3.500 гр. и долга 50 см и е второ дете во семејството на Дејан и Катерина Димитровски. Таа од Општината денес доби еднократен паричен износ од 10.000 ден.  

Исто така, општина Делчево исплаќа по 3 илјади денари еднократна парична помош. Минатата година по оваа основа се исплатени 262.999 денари за 85 новороденчиња во Општината.

Малата Изабела Стоилковска родена на 09 јануари на клиниката во Штип е првото новороденче во општина Виница. Таа денес од градоначалникот Миле Петков исто така доби пригодни подароци.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles