Денеска во просториите на Општина Кочани се одржа работен состанок меѓу градоначалникот Љупчо Папазов, Клиф Хамер, регионален советник за инфраструктура и животна средина при Швајцарската амбасада и Станислава Додева, претставник од СЕКО. Тема на разговор биле активностите поврзани со проекти кои се финансирани од средства на СЕКО, Швајцарската агенција за развој и соработка, а се зададени на извршување на Општина Кочани.