Едно од чудесните овошја за кое во овој период од годината се смета дека е добро за сите без сомнение, е лимонот. Егзотичен, вкусен и многу многу лековит.
Интересот за лимонот нималку не е случаен бидејќи народот неговите вредности одамна ги открил.
Лимонот најмногу се употребува за конзумирање, но многу често луѓето го користат и во индустријата, медицината и хигиената.
Во овој период на настинки и вируси за човековиот организам многу важни се природните витамини. Како природен витамин кој најпрво ни паѓа на памет секогаш е лимонот.
Лимонот е богат извор на витамин Ц, со тоа што 100 грама задоволуваат 64% од дневните потреби, што го прави лимонот повеќе од корисен, велат научните анализи за лимонот.
За оние кои не знаат еве некои основни податоци за лимонот кој речиси секогаш го има во секоја куќа.
Тој е вид на мали зимзелени дрвја, со потекло од Азија. Елипсовидниот, жолт плод на лимоновото дрво се користи за кулинарски и некулинарски цели ширум светот, првенствено поради неговиот сок.