САД ја поддржуваат актуелната црногорска влада сѐ додека е посветена на евроатлантскиот пат и бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата и економската благосостојба на граѓаните, изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар по средбата со црногорскиот министер за финансии Милојко Спајиќ. „Секоја влада што е на тој пат има поддршка од Соединетите Држави“, рече Ескобар.