Пензиите и овој месец ќе се исплаќаат предвреме,односно од 26ти јануари. На оваа дата пензионерите ќе можат да си ги подигнат парите од банкоматите или со нив да располагаат во трговската мрежа.
За пензионерите кои не користат картички исплатата ќе се врши во четири групи според висината на пензијата во периодот од 26ти до 31 јануари.