21.2 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Владата денес не се појавни на договорената средба. Синдикатот повторно се мобилизира за штрајк

Закажаната средба меѓу Синдикатот и Владата денес сепак не се одржа. На инизијатива на Владата таа се одлага за 31 јануари, што беше причина Синдикатот да најави итен состанок за активирање на штрајкувачките одбори:
„ Синдикатот во четврток продолжува со активностите и уште одма во петок ќе го свика претседателството на ССМ, Советот на ССМ и регионалните синдикални претставништва и канцеларии со една цел – да се активираат штрајкувачките одбори и да се запазат постапките за штрајк како и утврдување дата за подготовки за штрајк’“ информираат преку соопштние од ССМ.
Од ССМ информираат дека сите овие активности имаат за цел се– решавање на егзистенцијалните проблеми на работниците, зголемување на минималната плата на 18.000 денари, зголемување на останатите плати и утврдување на регресот за годишен одмор во јавниот сектор согласно утврденото право на работниците во приватниот сектор.
Исто така од ССМ бараат продолжување на мерката за замрзнувањето/ограничувањето на цените на основните прехранбени производи и по 31.јануари.
Синдикалната пресметка е дека потрошувачката кошничка за четиричлено семејство надмина 35 илјади денари, а минималната плата е 15.200 денари, што значи дека и две минимални плати не се доволни за живот.
Од друга страна, од денес во Владата ги почнуваат консултациите со економско-социјалните партнери за зголемување на минималната плата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles