Денес официјално беше потврдено градење на нова детска градинка во населбата Расадник во Делчево. Градинката ќе биде со капацитет за 150 дечиња со што трајно се решава проблемот со листата на дечиња од Делчево кои чекаат да бидат прифатени.
Парите за изградба на овој исклучително важен проект се обезбедени од програмата за изградба, опремување и одржување објекти за детска заштита за 2022 г. од Буџетот на Република Северна Македонија.