Во силна енергетска и неизвсна еконсмка состојба, граѓаните и компаниите од државата очекуваат многу повеќе. Ударот врз сите е голем, а државата, според нив, реагира несоодветно.
Освен граѓаните, критики за несоодветна реакција имаат и од бизнис секторот.
Од аспект на своевидна стручна неутралност, еконимситете на ова прашање одговараат воздржано, со став дека не е доволно направено, но сепак е направено онолку колку што оптималните можности дозволуваат.
Според овие ставови , излегува дека од досега спроведените владини мерки никој, или само мал дел се задоволни од нив, а глобално се работи за следното.
Замрзнување на цената на струјата за домакинствата, замрзнување на цената на основните животни артикли, субвенции за плакање на струјата за 7 500 семејства и уште неколку други мерки кои очигледно не се доволни и за граганите и за фирмите. Дали понуденото е малку или очекувањата биле големи?