Општина Делчево го прифати предлогот за одбележување на настани за ранливи категории граѓани. За првпат во Делчево ќе се обележуваат Ден на ретки болести, Светски ден за лица со Даунов синдром, Светски ден на аутизмот, Меѓународен ден на белиот стап. За оваа намена се предвидени 100 илјади денари од општинскиот буџет.