Здружението „Тиквешки лозароовоштари” бара винариите да кажат колку грозје планираат да откупат годинава, со која шеќерност и по која цена. Од ресорното министерство лозарите бараат донесување Закон со кој ќе се гарантира минимална откупна цена на грозјето и тоа по шеќерни единици. За „вранец” од 19 шеќерни единици, 18 денари по килограм. За ,,смедеревка” од 17 шеќерни единици, 16 денари за килограм.