Сибирски – 20 степени ноќеска беа измерени во општините од крајниот исток, што беше причина за голем број проблеми и за општините и за граѓаните.
Најголеми проблеми во вид на замрзнување цевки и дефекти се регистрирани во Делчево, каде штети има и кај јавното претпријатие и кај граѓаните:
Во Берово, каде ноќеска беше и најстудено, засега проблеми во водоводниот и електро системот нема, но до општината пристигнале повици од граѓани кои бараст помош за да ги затоплат домовите:
Олеснително за сите е што веќе од утре, синоптичарите најавуваат покачување на минималните температури. Ноќеска, температурата ќе падне до -12, а веќе во наредниот период таа ќе се движи од -6 до -1, со позитивни дневни температури.