Стопанската комора на северо – западна Македонија бара косовските власти да ја преиспитаат одлуката која е стапена во сила, според која за влез во Косово задолжителен е сертификат за примени три дози вакцина против ковид-19 или сертификат за две дози вакцина заедно со негативен ПЦР-тест. Комората смета дека со вакви рестриктивни мерки се прават дополнителни економски бариери меѓу двете држави.