15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

Проектот Била Зора ќе продолжи. Договор за соработка денес потпишаа општина Свети Николе и Филозофскиот факултете од Скопје

Архиолошкиот проект Била Зора ќе продолжи иако досега стручните активности во главно беа во застој. Во овој контекст денес градоначалникот на о. Свети Николе Дејан Владев и деканот на Филозофскиот факултет Скопје Ратко Дуев потпишаа договор за соработка.
Локалитетот Била Зора е предизвик за научните истражувања и тие иако во отежнати финансиски услови сепак ќе се случуваат. Во истиот контекст Владев и Дуев изјавиа дека претстои промоција на книга со цел промоција на Била Зора.
За Свети Николе ова е важен чекор за развојот и промоцијата на градот, како и ставање на Била Зора во листата на најпосетувани места во Македонија па и пошироко.
Според археолозите ова е град кој опстојувал од 7-миот до 2 век пред нашата ера. Станува збор за античка македонска метропола која се простира на површина од 20 ХА, а која содржи влезни порти со големи димензии и столбови карактеристични исклучиво за овој период, светилиште и ѕидови со фрески.
Овој археолошки локалитет се наоѓа во непосредна близина на геоглифот, а од Свети Николе е оддалечен околу 2 километри.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles