По доставеното барање од опозициската СИРИЗА во грчкиот Парламент започна тридневната расправа за гласање недоверба на Владата, а гласањето ќе се одржи во недела навечер. За да биде изгласана недоверба на Владата потребно е мнозинство од 151 пратеник од вкупно 300 колку што брои грчкиот Парламент, а во моментов владата на Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.