Од понеделник учениците од прво до четврто одделение од основните училишта во Србија ќе ја следат наставата со физичко присуство, додека учениците од петто до осмо одделение ќе имаат настава по комбиниран модел, односно ќе одат на училиште поделени во две групи. Српското министерство за образование соопшти дека и за средношколците наставата ќе се одвива по комбиниран модел.