21.2 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Вицепремиерот Битиќи со порака до пензионерите: Пензиите ќе се покачат како никогаш досега

Вицепремиерот Фатмир Битиќи најавува дека се подготвува покачување на пензиите „какво што не било досега“. Изјавата Битиќи ја даде во гостување на една национална телевиизја, но за колкаво покачување станува збор не прецизираше:
„ Не можам да лицитирам со бројки. Не сакам да играм со методологијата, но покачувањето на пензиите ќе биде какво што не било досега. Остануваме на ставот дека пензиите мора да се зголемат. Сѐ додека правиме анализи, не можам да зборувам за бројки, но ќе биде поинаку од претходно“- изјави вицепремиерот за економски прашања.
Со последното усогласување на пензиите, пензионерите добија јануарски пензии повисоки за 2,9 % поради зголемување на животните трошоци. За некои тоа значеше покачување од 1.200 денари, но за најголемиот дел покачувањето беше од 300-500 денари, што многумина од нив ги направи незадоволни.
Какво ќе биде најавеното зголемување би требало да се знае за кратко време, барем според најавите на Битиќи кои потенцира дека се прават финални калкулации и дека покачувањето ќе се случи во многу скоро време.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles