За државната финансиска поддршка од 100 евра во Србија се пријавиле 1.019.796 млади лица, а исплатата ќе започне од утре. Според Министерството за финансии, за оваа мерка помош државата издвоила околу 12 милијарди динари. Претходно на сите здравствени работници им биле исплатени 10.000 динари, а на 10 февруари на пензионерите ќе им бидат исплатени 20.000 динари.