Општина Зрновци додели 15 стипендии на студенти и ученици од Општината. Од нив три се за студенти, 5 за ученици деца на невработени родители и 7 за ученици деца на самохрани родители. За студентите стипендијата изнесува 1500 денари, додека за учениците по 1000 денари за деветмесечен период. Вкупно од Буџетот на Општината за оваа намена ќе се потрошат 160 илјади денари.